Храна и Здравје

Белгиски научници открија нова терапија против зависност и депресија

Тим предводен од истражувач од белгискиот универзитет во Лувен открил потенцијално револуционерен начин за лекување на проблеми како зависноста и депресијата, објави белгискиот портал Фокус на Белгија.

Научникот Пјер Василијадис открил начин да го стимулира стриатумот – сместен длабоко во нашата сива материја – без операција или импланти, односно на неинвазивен начин.

Техниката што ја користат научниците е насочена кон стимулирање на таканаречената транскранијална темпорална интерференција и може да влијае на многу непријатни состојби како што се депресија, зависност од дрога и практично секоја друга состојба за која системот за наградување на мозокот игра клучна улога.

Два пара електроди се стратешки поставени на главата на пациентот и испраќаат слаби електрични полиња низ мозокот, на две различни фреквенции.

Разликата меѓу овие фреквенции е таа што го стимулира насочениот дел од мозокот, додаде Белгиецот.