Спорт

Чави во чекорите на Клоп: Ја напушта Барселона од крајот на сезоната

Неодамна, Јирген Клоп изјави дека на крајот од сезоната ќе го напушта Ливерпул по 8 години. Следен на листата е Чави. Шпанскиот стратег изјави дека на крајот од 2024-та сезона ќе ја напушта Барселона.

Одлуката е донесена по низа на лоши резултати на каталонскиот гигант, па поразот од Виљареал на домашен терен ја прели чашата по што мораше да дојде до разделба.

Изјавата на Чави не беше воопшто добро прифатена од играчите на Барселона, особено од Кансело и Гави кој со солзи во лицето го следеле говорот на Чави во соблекувална кога им соопштил дека тој ќе го напушта клубот. Дури имаше и доста само-критичност од играчите кој изјавија дека тие самите се криви за лошите резултати, а не Чави, но веќе е доцна за тоа.

Како негова замена има неколку кандидати. Фаворити за сега се Ханси Флик, Јирген Клоп и Тиаго Мота. Но муабетот од соблекувалната на Барселона е дека тие го сакале Луис Енрике назад на тренерската позиција, но како што се збори, Јоан Лапорта го сака Флик.