Вести

Момче се самоубило скокајќи од покривот на училиштето: Долго трпело врсничко насилство – Неговото проштално писмо ќе ве насолзи!

Случајот со момчето Роман Д.(15), кое минатата есен се самоуби поради малтретирање скокајќи од покривот на училиштето во Словачка, имаше шокантен крај. Полицијата ја товари соученичката на Романов за кривично дело соучесништво во самоубиство.

Помина половина година откако Роман се самоуби скокајќи од покривот на основното училиште во Пархована во областа Требишов пред очите на неговата мајка.

Набрзо по хоророт, откриено е дека момчето претрпело долгогодишно малтретирање.

Полицискиот инспектор, по налог на Окружното обвинителство во Кошице, ја пријавил тинејџерката за кривично дело учество во самоубиство. На обвинетата и се заканува казна до три години зад решетки доколку биде прогласена за виновна, пренесуваат словачките медиуми.

Наводно се започнало со прослава на еден од соучениците на Роман. Момчето се почувствувало длабоко понижено кога никој не го поканил на забавата.

Притисокот од соучениците наводно не престанал и по враќањето на училиште.

Роман наводно во своето проштално писмо напишал дека неговите пријатели „ментално го скршиле и биле голем дел од она што го уништило во целина“.

Кобниот ден, за време на одморот, Роман се прикрал на покривот на училиштето, од каде што скокнал. На интернет кружи страшна снимка на која соучениците на Роман му викаат и го поттикнуваат да скокне.

Тоа покажува дека Роман се двоумел пред да скокне.

Таму била и мајката на момчето која го молела синот да не скока.

За жал, младиот човек на крајот скокнал и подоцна починал во болница како последица на повредите.