Забава

Плаќа 800 евра за 5 квадрати стан во Париз! Еве како изгледа!

Тиктокерот @petarcet97 неодамна сподели видео на TikTok во кое се гледа како изгледа неговиот стан од 5 квадрати во Париз, за ​​кој плаќа 800 евра месечно.

Во овој многу мал простор има кревет, до кој е поставена када со машина за перење алишта поставена над него. Спроти креветот има полици на кои се поставени микробрановата печка и чиниите, а до креветот има телевизор.

Она што особено ги изненади следбениците е фактот што станот нема сопствен тоалет. Наместо тоа, тиктокерот открил дека во целата зграда има само еден заеднички тоалет што го делат сите жители.

Следбениците оставија коментари од типот: „Се надевам дека станот е на врвот на Ајфеловата кула“, „Невозможно е да го сакаш Париз толку многу“, „Би го поминал цел ден надвор од дома“, „Дали некогаш сте поканиле некој на гости?“, „Ова изгледа како затворска ќелија“ и ред други коментари од истиот тип.

Откако видеото стана вирално, Тиктокерот објавил уште едно видео на кое се гледа дека станот всушност има прозорец и се наоѓа на поткровјето на зградата.