ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Му купила колан од 400 евра на ученик (15) и го однела во кревет: Објавена снимка од наставничката и една од жртвите, пред изрекувањето на пресудата на друг ученик му родила дете

Наставничката по математика Ребека Џојнс (30) е осудена на шест и пол години затвор поради сексуално злоставување на ученици и забременување од еден од нив.

Таа се бранела дека излегла од долгогодишна врска и дека и се допаѓа вниманието.

„Ја злоупотребивте довербата на момчето и ја искористивте својата позиција за да ја задоволите вашата сексуална потреба“, изјави судијката при изрекувањето на казната за случајот кој ја шокираше Велика Британија.

„Ми се допадна вниманието“

Наставничката е осудена на шест и пол години затвор бидејќи спиела со двајца ученици, двајцата тогаш на 15 години, а со едниот имала дете. Таа била суспендирана во октомври 2021 година, откако било откриено дека завела студент.

На судот биле покажани полициски фотографии од надзорните камери на кои се гледа учителката и момчето во продавница. Таа му купува колан „Гучи“ од речиси 400 евра, а потоа го носи во станот каде што имале секс. Потоа ја суспендирале и почнале истрага, но додека траела истрагата завела уште едно 15-годишно момче со кое останала бремена. За детето се грижи таткото на жртвата.

– Излегов од долгогодишна врска, бев осамена и ми требаше внимание – се бранела предаторската учителка, но судијата немал милост.

Се обидела да ја измами полицијата

На судењето биле покажани и пораките кои наставничката Ребека Џојнс ги разменила со учениците, како и моментот на нејзиното апсење кога упаднале во нејзиниот стан и ѝ кажале за што ја обвинуваат.

– Дали си сериозен? – им одговорила таа, по што и ставиле лисици и ја привеле.

Сега за прв пат покажаа фотографии од надзорните камери и моментот кога наставничката на 15-годишник му купува скап колан. На сликите се гледа како момчето избира колан додека таа стои на страна со скрстени раце и насмеана. По купувањето го однела во станот и два пати имале секс. Кога дознала дека е под истрага, го ресетирала телефонот на фабрички поставки, но инспекторите сепак можеле да пристапат до пораките на Snapchat што таа им ги испраќала на момчињата.

Ден пред апсењето планирала средба со момчето, купила вино, расфрлала ливчиња низ станот и подготвила секс игра и тајна порака која ја сокрила некаде во станот.