Спорт

Крос го шокираше своите сонародници: Ќе живеам во Шпанија, Германија не е истата земја како пред десет години, страв ми е да ја пуштам ќерка ми надвор!

Германската фудбалска репрезентација го заврши учеството на Европското првенство со пораз од Шпанија (2:1), што воедно беше и последен меч во богатата кариера на Тони Крос. Пред мечот со „фуријата“ локалната фудбалска легенда гостуваше на поткаст, кој привлече големо внимание во Германија.

Германија го заврши настапот на ЕУРО 2024 со голот на Микел Мерино во 119. минута од пресметката во Штутгарт. Како што се покажа, тоа беше и последен меч во кариерата на Тони Крос, кој веќе најави повлекување пред првенството.

Пред мечот со Шпанците, Крос зборуваше во поткастот „Ланц и Прехт“, а неговите изјави предизвикаа бројни коментари.

„Сакам да останам да живеам во Шпанија, бидејќи Германија не е истата земја како пред десет години, кога се преселив во Шпанија со моето семејство. Во оваа земја можам да ја пуштам ќерка ми да излезе во град на 11, за разлика од Германија и германските градови“, изјави легендарниот фудбалер.

Крос зборуваше и за прашањето на миграцијата во Германија, кое е постојано присутно.

„Има одреден процент на мигранти што негативно влијае на прашањето. Ако не можете да ги разликувате од оние што не се добри за нас, ќе биде тешко на крајот. Тогаш и ставот на Германците ќе станува се поподелен по ова прашање. Јасно е дека на земјата и требаат многу луѓе кои имигрираат. Сепак, не е можно сите да се вклучат во општеството“, вели тој.

Останува да видиме каква ќе биде реакцијата на Германците на оваа изјава на легендарниот Крос, која сигурно ќе го потресе и онака поделеното германско општество.