Автомобили

Го тужеше BMW и доби два милиони долари откако му се отсекол прстот!

Гудвин Боатенг, софтверски инженер од Њујорк, го тужеше BMW , тврдејќи дека автомобилот му го отсекол врвот на палецот. Несреќата се случила поради автоматско затворање на вратата на која има вграден електромотор.

Во летото 2016 година, Боатенг ја потпре десната рака на работ од малку отворената возачка врата. Вратата потоа се затвори, а палецот му остана закачен за автомобилот.

Докторите не успеале да го поправат отсечениот дел од прстот. Боатенг го тужеше BMW за 3 милиони долари, тврдејќи дека повредата ќе го чини 250.000 долари годишно како слободен софтверски инженер.

Експертите од BMW го прегледале BMW X5 на Боатенг и заклучиле дека нема проблеми со затворањето на вратата и дека прирачникот на сопственикот содржи предупредувања за вратите.

Случајот отиде на судење, а претходно овој месец поротата му додели на Боатенг 1,9 милиони долари отштета. BMW беше прогласен за невин за неисправната врата, но жирито сепак најде дека автомобилскиот гигант е 100 проценти виновен за повредата на палецот на Боатенг.