Животни

(ВИДЕО) Првата средба на бебето и семејното куче ги трогна луѓето!

Мелица Робертс на Инстаграм сподели прекрасно видео од нејзиниот син Оукли и семејното куче Сиднеј за прв пат да се сретнат. Родителите го донесоа бебето во корпа, а реакцијата на кучето воодушеви милиони корисници на TikTok и Инстаграм.

Ноќта пред бебето да стигне дома, родителите на Оукли донеле ќебе со неговиот мирис за кучето да не биде вознемирувано. Кога таткото го ставил бебето на подот, кучето го намирисало, а потоа го лижело сопственикот. Сепак, она што следеше ги трогна милионите луѓе кои го погледнаа видеото.

Откако Сиднеј го намириса бебето, тој ја напушти собата, а потоа се врати носејќи го ќебето во кое беше завиткано бебето. Тоа што го направи го расплака неговиот сопственик, кој беше емотивен откако го внесе бебето во собата. Изгледа дека овој татко не е единствениот кој глетката го трогнала до солзи, судејќи според коментарите на Инстаграм.

„Ова ме расплака. Кучињата се најдобрите суштества на планетата“, „Одлично, сега плачам во автобус полн со луѓе“, „Ова е толку убаво“, „Тато, не си единствениот кој плачеше на ова“, „Ова е едно од поубавите видеа што сум ги гледал во последните месеци“, напишаа луѓето во коментарите.