ПопуларноТехнологија

Колку заработуваат најдобрите професионални гејмери ​​во светот и како рангираат Балканците?

Фактот дека видео игрите можат да бидат повеќе од хоби покажуваат вртоглавите суми на пари кои гејмерите ги заработуваат. Победите во е-спорт натпреварите носат стотици илјади евра а понекогаш и милиони!

Податоците од сајтот escharts.com покажуваат дека во светот има 65.824 регистрирани професионални играчи, а меѓу нив само 1.903 се жени.

Заработката ни го привлече вниманието затоа што гејмерите и како можат да заработат големи суми на пари и да бидат милионери. Според вкупната заработка пред осум години, водечки гејмер е Данецот Јохан Сундштајн (30) под името „N0tail“. Во текот на кариерата заработил неверојатни 7,18 милиони долари и тоа само од 2 турнири!

Втор по ред е Финецот Џеси Веиника (32) „JerAx“ со 6,49 милиони долари.

Трет е Французинот Себастиен Феликс Дебс (32) „Ceb“ со 5,93 милиони долари.

Сите тројца играа за истиот тим “OG” во играта “Dota 2” која до пред некоја година имаше најголеми награди од било кој друг е-спорт!

Каде се балканците?

Најуспешниот е-гејмер од балканот всушност потекнува од Македонија, кој исто така беше дел од “OG”, еден од најуспешните е-спорт тимови. Станува збор за Мартин “Saksa” Саздов кој се наоѓа на 24то место и има заработено 3.1 милион долари играјќи Dota 2.

На 108мото место е Никола “NiKo” Ковач кој има заработено 1.3 милиони долари играјќи “Counter Strike”. А на 167 место се наоѓа србинот Алекса Цветкович кој игра Fortnite и има заработено малку повеќе од милион долари!

Значи ако родителите ве прашаат дали играњето игри ќе ви стави леб на маса, одговорот е ДА!