Спорт

Кина, смее ли вака бе?

За да не биде залудно времето (кратко) што го минуваме од нашата редакција на социјалните мрежи, решивме со вас да споделиме едно видео кое ни се појави на ТикТок.

Според тоа што можеме да го видиме во позадината, станува збор за меѓународен турнир за девојки помлади од 18 години во организација на ФИБА, или со други зборови Светско првенство.

Да бидеме искрени, не сме нешто во тек со резултатите, ама вниманието ни го привлече една прилично смешна сцена.

Кина игра против некоја репрезентација, извинете не бидејќи не можеме да ги познеме дресовите, а центарот на Кина е буквално двојно повисок од центарот на другата репрезентација. Па и од судијката, за која претпоставуваме дека е возрасна жена…

Па, поставуваме прашање – Нели ти е жал бе Кина?