ВестиПопуларно

Годината е 2024-та, а Њујорк откри нешто што во Македонија го имаме со децении: „Неверојатно, но колку оваа иновација ќе го чини просечниот Американец?“

Интернетот буквално полуде откако градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс дотркала пластична канта пред новинарите за да им покаже дека ќе биде оружјето на град Њујорк во борбата против стаорците.

Сега градоначалникот буквално е предмет на потсмев на социјалните мрежи, посебно бидејќи оваа обична канта ја нарече “револуција на ѓубрето”.

Според тоа што може да се види на видеото, Адамс самоуверено излезе на бината со песната “Empire State of Mind” туркајќи ја кантата, а потоа уште посамоувремено ја зема ќесата во раце и ја фрли во кантата.

Ние во Македонија очигледно живееме во 2060-та, барем кога станува збор за борбата со стаорците. Ама нивниве канти бар се во повеќе бои…