ПопуларноСпорт

(ВИДЕО) Жестока тепачка! Играчите на Уругвај влегоа на трибина и се пресметаа со навивачите на Колумбија во полуфиналето од Копа Америка

Ноќеска се играше вториот полуфинален дуел од Копа Америка во кој се сретнаа Уругвај и Колумбија, а крајот никој не го очекуваше!

Колумбија успеа да го земе водството во првото полувреме, но исто така доби и црвен картон. Поради тоа целото второ полувреме Колумбија го одигра со играч помалку не сепак дојдоа до значајната победа и до пласман во финалето на Копа Америка.

На крајот од натпреварот многу беа разгорени страстите. Особено помеѓу играчите и навивачите по што дојде до физичка пресметка на уругвајската репрезентација и навивачите на Колумбија!

Напаѓачот на Ливепрул, Дарвин Нунез се најде во центарот на настаните и беше жртва на неколку тупаници.

Уругваецот Хозе Мариа Гименез на преносот во живо се пожали дека нивните семејства биле во опасност. Како што кажува тој во публиката имало мали деца и бебиња кои не биле никако заштитени од полиција па морале да влезат на трибина и да ги преземат работите во свои раце.

Како што се пренесува, Луис Суарез на крајот од натпреварот пробал да гризне играч за врат но на снимката не се гледа баш убаво дали го гризе или му кажува нешто во уво. Сами проценете си.

Еве ја и тепачката од 2 различни агли

Финалето на Копа Америка ќе се игра на 15ти Јули во 2 часот наутро помеѓу Колумбија и Аргентина