ЖивотниПопуларно

(ВИДЕО) Кинез пробал да шверца 104 змии во ПАНТАЛОНИ?

Човек се обидел да прошверцува повеќе од 100 живи змии од Хонг Конг во континентална Кина, скаладирајќи ги во панталоните, соопштија царинските власти.

Неименуваниот патник бил запрен откако поминал низ портата „без известување“ на преминот меѓу полуавтономниот Хонг Конг и кинескиот град Шенжен, соопштија официјални лица.

По увидот, цариниците пронашле 104 змии во „шест вреќи“ во неговите панталони, се наведува во соопштението на кинеската царина.

„Утврдено е дека во секоја од нив има живи змии од различни видови, големини и бои“, се додава.

На видеото на кинеските цариници се гледа како држат проѕирни пластични кеси полни со живи змии – црвена, розова и бела.

Повеќето од змиите беа мали, но тоа е огромен број на влекачи што некој може да ги носи во панталоните.

Строгите закони за биосигурност и контрола на болести строго им забрануваат на луѓето да внесуваат животни во земјата без дозвола.

“Тие што ќе ги прекршат правилата ќе одговараат согласно законот“, соопштија од царинската испостава, без да прецизираат каква казна.

На истиот премин минатата година, жена била запрена бидејќи се обидела да прошверцува пет змии скриени во нејзиниот градник.

Кина е еден од најголемите светски центри за трговија со животни, а властите во последниве години спроведуваат голема акција против шверцот.