ЗабаваПопуларно

(ВИДЕО) Баба (64) и нејзиното момче (26) чекаат бебе! Сега објавија кој пол ќе биде

Пар со 38 години разлика во години сподели важна вест за детето што заедно го очекуваат.

Шерил Мек Грегор веќе е мајка на седум деца и баба на 17 внуци, но повторно ќе стане мајка кога таа и нејзиниот сопруг Куран ќе го добијат своето прво дете преку сурогат мајчинство.

Парот веста за бебето ја објави во мај годинава, а сега објавија дека чекаат девојче. За време на откривањето на полот, Ширли носеше појас на кој пишуваше „идна мајка“ додека ги отвораше топовите за конфети за да објави дека нивното идно бебе ќе биде девојче.

Иако повеќето коментари беа позитивни, многумина изразија загриженост за нејзината возраст.

– Тоа кутро дете нема да има мајка – гласи еден коментар.

„Апсолутно погубно за бебе“, додаде друг.

Сепак, се чини дека Шерил и Куран не се премногу потресени, а речиси ја поминаа и две годишнината од бракот.

– Среќен сум што прославувам две години брак со мојата прекрасна кралица, се молам Господ да не благослови со уште многу, среќна годишнина душо – напиша Куран по повод тој ден.

Иако многумина се сомневаат во неговата љубов, Куран секојдневно и приредува грст изненадувања, а со тоа што сакал дете со неа, иако разликата во годините е толку голема, јасно е дека има емоции.

– Има многу причини зошто решив да ја имам Шерил за жена. Таа е убава, елегантна, силна, благородна, чесна и сочувствителна. Шерил беше шокирана затоа што не знаеше дека ќе ја запросам, но поради тоа се чувствуваше посебно – изјави еднаш Куран на својот профил TikTok.