ВестиПопуларно

Ја спречувал да се шминка, ја контролирал со месеци: Пријателите за девојка која беше убиена со мајка ѝ и сестра и од поренешното момче

Полицијата сè уште не разговарала со осомничениот, кој е во болница, но рекла дека повеќе не трага по никого во врска со случајот.

Една од жртвите, која беше застрелана од осомничениот Кајл Клифорд со самострел, била во врска со него најмалку шест месеци додека тој ја контролирал цело време, изјави семеен пријател.

Луиз Хант (25) го запознала момчето Клифорд со своето семејство претходно оваа година и го однела на роденденска забава на роднина во април.

Сепак, додека делувал како фино момче, тој наводно цело време ја контролирал девојката, и забранувал да се шминка, да остане надвор до доцните часови и да има пријатели од машки пол, пишува Дејли мејл.

Луиз беше убиена заедно со нејзината мајка Керол (61) и сестрата Хана (28) во нивниот дом во Лондон во вторникот вечерта.

Клифорд, кој беше фатен од камерата на куќата на соседот како бега од злосторството со самострел завиткан во бел чаршаф, моментално е во тешка состојба во болница откако полицијата го фати на гробишта по 22-часовна потера. Тој сам си ја нанел раната, јавуваат медиумите.

„Кајл ја контролираше и ја исмеваше Луиз. Јавно се претставуваше како фин дечко, но приватно беше сè освен тоа. Луиз сакаше да се шминка, но престана поради него“, рекол пријател.

Тој додал дека таа го запознала со своите родители, кои се прекрасни луѓе и сакале да му посакаат добредојде во семејството.

„Но, имаше црвени знамиња. Кога се разделија, мислам дека им олесна“, рече тој, додавајќи дека ова е трагедија за целата заедница.

Лицата кои беа убиени се сопругата и ќерките на познатиот новинар на Би-Би-Си Џон Хант.

Полицијата сè уште не разговарала со осомничениот, кој е во болница, но соопшти дека повеќе не трага по никого во врска со случајот.