ЗабаваПопуларно

Скриените приказни за опседнатиот Алкатраз ќе ви ја заледат крвта во вените: „Пред мене има големи црвени очи! Пушти ме да си одам!!!“

Според легендите во Алкатраз, меѓу другото, во празните соби во текот на ноќта редовно се слушале шепоти, плач, врисоци и тропање на синџири …

„Пуштете ме да излезам Пред мене има големи црвени очи. Милост! Ве молам“, врискал глас од една ќелија во затворот, но чуварите не обраќале внимание! Врисоците доаѓале од најизолираниот дел на затворот, место наменето за најтешките криминалци кои седеле таму на студ и темнина со месеци, а понекогаш и со години. Одеднаш, среде темната ноќ, плачот на затворениците престанувал.

Кога следното утро затворските чувари ја отвориле вратата, го нашле затвореникот мртов, објави претходно „Express“.

Она што ги исплашило стражарите е тоа што немало логично објаснување за неговата смрт, бидејќи не бил болен, а на вратот биле пронајдени траги од задушување. Но, кој би можел да го задави кога бил сам, затворен во темнина? На обдукцијата лекарите констатирале дека не можел сам да ги нанесе тие повреди, но за целиот случај е одлучено да се молчи за да не се крене паника, или да не се фрли неоправдано сомневање за бруталноста на чуварите. Според легендата, духовите на криминалците шетале низ ходниците на Алкатраз, еден од најпознатите затвори во историјата.

Место за љубителите на паранормалното

За него се напишани безброј книги и неколку филмови, а денес привлекува дури и фанови на паранормалното. Пред да стане затвор, Алкатраз прво бил воена база. Со оглед на изолацијата на островот, кој исто така е опкружен со студени мориња и опасни струи, базата е претворена во воен затвор. На почетокот на 20 век започнача адаптацијата за цивилните затвореници, која беше завршена во 1920 година. Во комплексот од 90.000 квадратни метри казната ја отслужуваа најголемите американски криминалци, меѓу кои и Ал Капоне, Док Баркер и Џорџ Кели. 36 затвореници се обиделе да побегнат. Од нив 23 се фатени, шестмина загиналр, двајца се удавиче, а пет се сметаат за исчезнати. Или се удавиле или навистина побегнале. Снимен е филм за последното и најпознатото бегство со Клинт Иствуд во главната улога.

Само една година по тоа бегство, Алкатраз, кој дотогаш важеше за најчуваниот затвор во светот, беше затворен поради „преголеми трошоци за одржување“. Со оглед на бруталните услови во кои се држеле затворениците и бројните самоубиства, затворот денес се смета за едно од најопседнатите места во САД. Денеска е преполно со туристи кои редовно пријавуваат чудни звуци и врисоци кои доаѓаат од ќелиите. Необјасниви промени на температурата за време на посетите во затворот, а повторно и повторно се појавуваат сведоштва на луѓе кои наводно доживеале необјасниви промени на температурата зад ѕидовите на Алкатраз, кои се потврдени со истраги за паранормални појави.

Мистериозни контури и сенки

За време на нивното време во затвор, затворениците пријавиле дека виделе мистериозни форми и сенки. Тие биле сместени во мали ќелии и строго им било забрането да зборуваат. Поради ова, во затворот владеела заглушувачка тишина, а се слушаа само звуците на отклучувањето на ќелиите и ѕвонењето на клучевите. Оние кои би го прекршиле куќниот ред, за казна ќе завршеле во злогласниот блок Д, каде што ги ставале во самица голи, без тоалет или било што друго, голи меѓу студените ѕидови.

Некои затвореници пријавиле дека ги слушале постојаните звуци на машините за шиење од блиската фабрика, иако таа одамна била затворена, други рекле дека чувствувале трнење по нивните р’бети, а еден пријавил дека нешто необјасниво го прободело во задниот дел од главата во пералната.

Духот на една млада жена

Шејла Силери-Волш од Бирмингем и нејзиниот партнер Пол Рајс се вратиле во 2014 година од туристичка обиколка на озлогласениот затвор Алкатраз со редок сувенир – можен доказ за паранормални активности. Имено, додека ги снимаше просториите на затворот отворен во 1933 година на остров недалеку од Сан Франциско, Силери-Волш можеше да ја искористи камерата на iPhone за да го сними духот на една млада жена која седи во просторија каде некогаш се среќавале затворениците и нивните посетители. Силери-Волш раскажала како веднаш ја забележала жената на екранот, а потоа нагласила дека не е можно да се види со очи низ прозорецот на вратата, од што извлекла заклучок дека се работи за натприроден ентитет. Во меѓувреме, парот контактирал со бројни поранешни чувари на Алкатраз, но никој од нив не можел да се сети на неа.

Алкатраз беше затворен во 1963 година, а паранормалните истражувачи го сметаат за едно од „најопседнатите“ места во светот. Според записите на историчарите, дури и членовите на племето Олоне пред многу векови го сметале островот за собиралиште на зли духови, а според откритијата на археолозите го користеле како гробишта за отфрлените. Многу години подоцна, писателот Е. Флојд напишал дека немало ниеден вработен кој не доживеал нешто паранормално и дека во текот на ноќта во празните простории се слушаат врисоци, плач и звуци од синџири.