ВестиПопуларно

Србинка на Фејсбук и се заблагодарила на Македонка што и го спасила животот во Грција: Се уште постојат добри луѓе

На Фејсбук групата „Грчка инфо“ се појави коментар во кој Александра од Србија и се заблагодарува на Ана од Македонија бидејќи и го спасила животот.

На Александра, која патувала во Грција со своето семејство, наеднаш и се слошило и се онесвестила покрај патот.

„Сакам јавно да се заблагодарам на една неверојатна личност која ми го спаси животот во момент кога му беше потреба итна помош. Додека вчера патувавме за Грција на одмор, наеднаш ми се слоши и се онесвестив покрај патот. За жал, многу минувач не застанаа да ми помогнат, но една храбра и милосрдна жена, Ана Петровски од Скопје, не размислуваше ни секунда. Таа застана со својот автомобил и дојде на помош. Ми пружи прва помош и ме врати во живот, додека моите деца плачеа а сопругот очајнички се обидуваше да сопри други возила. Нејзината несебична и стручна реакција беше пресудна во тој тежок момент. Ана, ти благодарам од срце што покажа дека се уште има добри луѓе на светот. Твојата и скромности и несебичност се навистина прекрасни. На крајот само не поздрави и ни посака Божја заштита, а потоа дискретно се оддалечи. Твоите дела се непроценливи и засекогаш ќе ти бидеме благодарни. Ти благодарам што беше нашиот ангел чувар. До денес не користев Фејсбук, но од благодарност и почит кон Ана, која од скромност одби да размениме контакти за да не се чувствуваме одлжни, одлучив да го отворам овој профил за јавно да и се заблагодарам“, пишува на постот на Александра.