ЗабаваПопуларно

Грк бара помош на „Reddit“ – Ќе се женам со Македонка, имате ли некој совет за мене: Покрај честитките, има и урнебесни коментари

На социјалната мрежа „Reddit“, еден Грк објавил дека ќе се жени со девојка од Македонија во петок (веројатно пред 2 дена), па побарал совет од македонските корисници на оваа мрежа.

„Тука Грк (знам, кој не е*е). Ќе се женам со Македонка во петок. Имате ли некој совет за мене. Исто така многу сум среќен што ќе се приклучам на оваа заедница (веројатно мислејќи на subreddit-от во кој пишува). Ве сакам“, пишува овој Грк во саб-редитот со 28.000 членови, во главно од Македонија.

Еден корисник му одговорил: „Сите се добредојдени во Македонија, батали политика“, на што друг се надоврзал дека тоа е вистината.

Потоа овој храбар Грк добива коментари како: „Е*и се и добредојде. Ви посакувам среќен брак“. „Тоа ќе биде едно збунето дете“, вели друг. „Научи да пиеш ракија и дозволувајте политиката да ви го уништи бракот. Знаеш дека ние Балканците сите сакаме да го имаме последниот збор“, гласат некои други коментари под овој пост.

Ние нема да ставиме линк од овој разговор, за да не и го нарушиме мирот на „Reddit“ заедницата во Македонија.

И, исто така, им посакуваме среќа на младите.