ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Обид за атентат на Трамп? Се слушнал истрел за време на говорот, па се фатил за врат! На лицето има траги од крв

За време на говорот на американскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во Пенсилванија се слушнаа звуци кои потсетуваат на истрели.

Според АП, Трамп покажувал табела со бројки на илегални гранични премини кога се слушнале истрели од огнено оружје.

Според тврдењата на тој медиум, Трамп ја подаде раката кон вратот и наводно на лицето му се гледала крв.

Тој брзо се сокрил зад столб додека неговите агенти за обезбедување брзаа на сцената и од толпата одекнаа пукотници. Се слушаат пукотници додека агенти присуствуваа кај него на сцената.

Според “PBS”, возилата кои ја сочинуваат придружбата на американскиот претседател го напуштиле местото каде што се одржува собирот.

Според фотографиите и видеата може да се заклучи дека Трамп не е во животна опасност.