Вести

(ФОТО/ВИДЕО) „Го мразам Доналд Трамп! Ова е атентаторот на поранешниот американски претседател, еве што објавил пред нападот

Томас Метју Крукс (20) е идентификуван како напаѓачот кој се обидел да го убие поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пишува “New York Post”.

Напаѓачот бил убиен од Тајната служба, а убиено е уште едно лице од публиката кое било застрелано од атентаторот.

Крукс, од Бетел Парк, Пенсилванија, испукал неколку куршуми, од кои еден го погоди увото на Трамп – на митингот на отворено во Батлер, во близина на Питсбург.

Според информациите од полицијата, тој и претходно бил познат по своите екстремни ставови и повеќе пати учествувал во насилни инциденти. Бил дел од радикални групи кои промовираат драстични акции против оние кои ги сметаат за непријатели.

„Го мразам Доналд Трамп“

Тој пред обидот за убиство објави видео на социјалните мрежи во кое вели: „Јас сум Томас Метју Крукс. Ги мразам републиканците, го мразам Доналд Трамп“.

Погледнете како изгледаше атентатот на Доналд Трамп во нашата претходна статија.