ВестиПопуларно

Републиканците бараат да биде депортирана: Конгресменка го смени знамето на Минаеаполис со знаме слично на сомалиското

Илхан Абдулахи Омар, е американска политичарка која ја претставува Минесота во 5-тиот дистрикт на американскиот Конгрес од 2019-та година. Таа е член на Демократската партија.

Зашто пишуваме баш за неа? Американската јавност (океј, да бидеме фер, веројатно делот од јавноста од Републиканската партија), бара таа да биде депортирана, бидејќи наводно се бори за сомалиските интереси повеќе отколку за американските.

Taa јавно зборуваше за интересите на Сомалија и територијалните претензии на оваа држава кон Сомалиленд, непризната самопрогласена република во источна Африка.

Омар, која е има потекло од Сомалија, изјави дека “Сомалија е само на Сомалијците” и дека ќе ја користи својата позиција во Конгресот за да ги заштите интересите на оваа држава.

И покрај тоа што е американски службеник, Илхан Омар за себе вели дека е Сомалијка.

Многу претставници на Републиканската партија, како Рон Десантис, побараа Омар да биде отстранета од Конгресот, како и да и да биде одземено американското државјанство. Десантис побара таа да биде и депортирана.