АвтомобилиПопуларно

(ВИДЕО) Путин за малку ќе предизвикаше сообраќајка, ја возеше новата “Лада”

Рускиот претседател Владимир Путин пред два дена отвораше дел од автопат и по тој повод седеше зад воланот на новата “Лада Аура”.

Ова возење не помина премногу добро, бидејќи Путин мораше да влезе во спротивната лента за да избегне еден од шаторите на церемонијата.

Полицаецот му укажал на оваа грешка и му наредил да се врати на десната страна од патот.

Претседателот на Русија тоа го направил иако го оставил вклучен левиот трепкач, поради што телохранителите кои возеле зад него за влакно избегнале судир.

Возењето не траело долго, а кога завршило Путин бил опкружен со обезбедување. Погледнете како изгледало сето тоа: