Храна и Здравје

Една работа од која тешко ќе се откажете: Овие три вида месо се особено штетни за срцето

Додека некои видови храна можат да поддржат силен кардиоваскуларен систем, други може значително да го зголемат ризикот од кардиоваскуларни болести.

Некои од најлошите виновници е месото, велат кардиолозите д-р Мајкл Рос Мекдоналд и д-р Леонард Ганц. Тие предупредија на три вида месо кое може да биде особено штетно за здравјето на срцето.

Сланина

Колку и да е вкусна сланината, д-р Мекдоналд ја смета за едно од најлошите меса за здравјето на срцето бидејќи е полна со заситени масти и натриум.

Д-р Ганц го поддржува ставот дека ваквото црвено месо треба да се избегнува колку што е можно повеќе ако сакаме да го намалиме ризикот од срцеви заболувања.

    “Црвеното месо е богато со заситени масти, што може негативно да влијае на липидниот профил. Неодамнешните истражувања покажуваат дека кога бактериите во цревата го разградуваат месото, еден од произведените метаболити е ТМАО, кој може да го зголеми ризикот од срцеви и бубрежни заболувања”. рече д-р Ганц за SheFinds.

    Сувомеснати производи

    Покрај црвеното месо, уште една главна причина за срцеви заболувања на која треба да внимавате се сувомеснатите производи. Тие се едни од најнездравите месни производи, полни со адитиви кои можат да влијаат на целокупното здравје, особено на срцето.

      Кардиолозите истакнуваат: “Преработеното месо е на врвот на листата на храна која може да го зголеми ризикот од кардиоваскуларни настани, вклучувајќи срцев удар и мозочен удар. Посно месо, како мисиркино и пилешко, се одлични алтернативи”.

      Виршли

      Виршлите се несомнено вкусна и популарна храна, особено кога доаѓа лето. Сепак, тие се лош избор за нашето срце, а прекумерното консумирање може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања.

        Д-р Мекдоналд ги наведува виршлите како едно од најлошите преработени месо за кардиоваскуларното здравје.