Селебрити

Се појави ново видео на Кејт Мидлтон: Многумина мислат дека плачела на Вимблдон, коментарите се множат

Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон се појави на финалето на Вимблдон минатиот викенд.

На фотографиите таа изгледаше среќно и весело, но сега видеото на кое Кејт изгледа тажно стана вирално на TikTok.

На снимката Кејт носи очила за сонце, а од изразот на лицето многу фанови заклучија дека принцезата во тој момент плачела.

„Беше преплавена со емоции поради големата поддршка од јавноста“, „Кејт, сите те сакаме, запомни го тоа“, „Кога првпат излегов во јавност по хемотерапијата, многу плачев“, „Тоа не смее да и биде лесно, поминува низ тежок период“, „И јас ќе плачев да добиев ваква поддршка“, се дел од коментарите.

Кејт на Вимблдон дојде во друштво на ќерката Шарлот и сестрата Пипа, а големата тениска обожавателка со широка насмевка ја поздрави публиката.

Инаку, Кејт е покровител на „All England Lawn Tennis and Croquet Club“. Но, откако и беше дијагностициран рак, таа не ги извршуваше службените обврски, а пред Вимблдон имаше само еден јавен настап.