ВестиПопуларно

Први фотографии од местото на настанот по масакрот во Хрватска: Влегол во дом за стари лица и почнал да убива

По масакрот осомничениот побегнал, но полицијата го уапсила пред кафулето Даруварац.

Пет лица загинаа денеска во Домот за стари и изнемоштени лица на улицата Мажураниќева во Дарувар, јавува mojportal.hr, а сега пристигнаа и првите фотографии од местото на настанот.

Како што можете да видите на фотографиите, полицијата е пред Домот за стари лица, кој е опкружен со полициска лента.

По масакрот, осомничениот побегнал, но полицијата го уапсила пред кафулето Даруварац. По злосторството и тој локал бил ограден со полициска лента.

Како што неофицијално дознава порталот “Moj”, маж влегол во Домот за стари и изнемоштени лица и почнал да пука во луѓето.

Пет лица загинаа на лице место, а некои сè уште се на лекување.

Како што неофицијално дознава Јутарњи, напаѓачот е роден 1973 година, а според неофицијални информации учествувал во војната во 90-тите.

Со пиштол упаднал во Домот, ја убил мајка си, жители на Домот, како и вработени.