ПопуларноСпорт

Расте возбудата во олимпиското село: Секс-маратонката доаѓа на Игрите во Париз

Бразилската скокачка во вода која беше обвинета за секс во олимпиското село Ингрид Оливеира доаѓа на Игрите во Париз.

За некои спортисти, Олимписките игри се кулминација на нивните кариери, а некои кои одат таму без големи спортски амбиции се обидуваат барем добро да се забавуваат. Ваквите приказни обично се прераскажуваат повеќе од спортот, а една од најпикантните приказни на Игрите во Рио беше бразилската скокачка во вода Ингрид Оливеира.

Секс-маратонката, како што ја нарекоа некои медиуми, своевремено ги полнеше колумните во весниците поради нејзиното однесување во олимпиското село, а многу спортисти со нетрпение ја очекуваат во Париз.

Имено, Оливеира и нејзиниот партнер Исак Соуза официјално се квалификуваа за Игрите и наводно се подготвени за големи работи. На спортски терен секако …

Ингрид беше 22-ра во Рио во 2016 година, а многумина веруваат дека нејзиниот лош резултат е предизвикан од неспортскиот живот во олимпиското село. Таа е обвинета дека ноќта пред финалето го донела во собата колегата кајакар Педро Гончалвес, со кого ја поминала ноќта.

Медиумите ја распнаа и посрамотија затоа што некој им кажал дека убавата скокачка ја исфрлила нејзината цимерка од собата, а потоа во финалето еден ден подоцна завришла последна. Се шпекулираше и дека е исфрлена од Игрите, но поголемиот дел од тоа не беше вистина, а приказната подоцна ја раскажа самата Бразилка.

Во меѓувреме, таа помина низ тежок период. Добила разни неморални понуди, многу со порнографска содржина. Таа конечно ја раскажа својата страна од приказната за бразилскиот UOL Sports.

„Секс-маратонка, оргија, контроверзно … Луѓето зборуваат за мене спомнувајќи такви зборови. Зборуваат за мојот задник. Цел свет ме малтретираше. Се создаде приказна која се повторуваше и се повторуваше, само затоа што сум жена која имала секс“, вели Ингрид.

„Сега ќе ви ја кажам целата вистина. Го однесов Педро во собата, но не беше ноќта пред натпреварот. Не избркав никого од собата поради тоа. И не ме избркаа од Игрите. Во еден момент, ние двајца сакавме нешто повеќе, како и многу други“.

„Видовте ли колку кондоми поделија во олимпиското село? Болт однел девојка која немала акредитација во собата, луѓето отворале профили на Тиндер за да флертуваат. Но, протече само мојот случај. Кога ми кажаа дека се ќе биде објавено во медиумите, плачев со денови. Луѓето ме навредуваа на социјалните мрежи“, откри Бразилката пред неколку години.