ВестиПопуларно

10-годишно момче почина откако врз него легнала мајка му тешка 150 килограми

10-годишно момче почина откако неговата мајка посвоителка легна врз него по расправија.

По два месеци во бегство, 48-годишната Џенифер Ли Вилсон – која се бараше по смртта на младиот Дакота Леви Стивенс – неодамна беше уапсена од полиција.

Жената од Северна Индијана е обвинета дека предизвикала смрт на нејзиниот посвоен син преку непромислено убиство на 25 април, што е кривично дело петто ниво и се казнува со шест години затвор.

Официјални лица изјавија дека приближно половина час пред да пристигнат службите за итни случаи во нивниот дом во Валпараисо, се верува дека Дакота истрчал во куќата на својот сосед барајќи да ја посвојат.

Тоа се случило откако тој наводно бил удрен во лицето и му рекле дека не смее да се јави кај неговиот социјлаен работник, но соседството не виделе видливи знаци на повреда.

Зборувајќи со полицијата, Вилсон – која беше уапсена во соседната држава Мичиген – и рекла на полицијата дека го донела дома своето посвоено дете откако го нашла кај соседот.

Таа рече дека тој се фрлил на земја пред нејзиниот дом и тврдеше дека „глуми“.

Кога влегле внатре, Вилсон – којa е високa само 150cm, но тежи 150 kg – легналa врз Дакота и останала така околу пет минути.

Судските документи, како што ги виде NBC Чикаго, гласат: „Вилсон изјави дека кога се обидела да го спречи да замине, таа не знаела дали го задржила или соборила, но нејзината намера била да го задржи“.

Неколку минути подоцна, кога Вилсон се тргнала од него и го прашала „дали лажеш?“ пред да го преврти и да види дека очните капаци му беа бледи.

Во тој момент почнала со вештачко дишење и се јавила на итна помош. Дакота бил итно пренесена во болница каде лекарите кратко време подоцна констатирале смрт.

Аутопсијата на смртта на младото момче заклучи дека причината за неговата смрт е механичка асфиксија и дека Дакота – кој тежел само 40 килограм и исто така 150cm височина – починал поради убиство.

На Фејсбук, поранешниот згрижувачки на Дакота, Хајден Хецел, напиша: „Те сакам и ќе продолжам да те сакам во секој дел од моето битие.

„Се надевам дека за времето кога те имав, можев да ти покажам каков треба да биде добар човек и се надевам дека го живееше секој ден како да ти е последен… дури и ако беше скратен. Твојата меморија ќе живее и ќе се погрижам сите да те знаат“.