ВестиПопуларно

(ВИДЕО) Може ли да се оствари планот на Кина за копање на тунел преку Македонија и Вардар до Европа

Кина во последниве години е најбрзорастечка економија во светот, а многу експерти велат дека наскоро би можела да ги надмине САД и да стане и прва светска економија, ако веќе тоа и не е.

Оние поупатените слушнале за кинескиот план “Патот на свилата”, со кој сакаат да ја олеснат трговијата со Европа, а во еден од тие планови е инволвирана и Македонија.

Планот е да се ископа тунел преку Балканот, а еве и зошто. Единствениот начин Кина поморски да дојде до Европа е преку две големи пристаништа, како пристаништето Пиреја во Грција и тоа во Трст во Италија. Проблемот со тоа е што потоа производите мора да бидат транспортирани со авиони, камиони или возови до поголемите градови во Европа.

Единствениот начин да се допре до остатокот од Европа преку брод е да се оди преку Дарданели и низ Босфор, и потоа да се плови преку Дунав низ градови како Белград, Будимпешта, Виена и Регенсбург. Каналот на Дунав потоа би можел да биде искористен да се плови уште подалеку, се до Ротердам и Северното море.

За да ја намали оваа рута за речиси 1.000 километри, Кина планира да ги спои реката Морава и Вардар преку канал кој би одел се од Егејското море, до Дунав. Главниот предизвик на овој проект ќе биде се натераат Македонија, Србија, Косово и Грција да работат заедно.

Исто така, Турција речиси сигурно би се спротивставила на овој проект, бидејќи ако се оствари, поголем дел од бродовите нема да ги користат турските премини.

Со оглед на геополитичките прилики во светот и на Балканот во моментов, може ли овој план на Кинезите да се оствари?