Вести

Избришана олимиската церемонија од официјалниот Јутjуб канал на Олимиските игри

Олимпијадата официјално вчера започна, но за жал, главниот фокус не е на спортистите, туку е на церемонијата што ја приредија французите пред очите на светот.

Доколку не ја гледавте церемонијата, според корисниците на социјалните мрежи, церемонијата била полна со сатанистичка симболика па поради тоа, буквално во еден глас се крена христијанството со јасна порака: “Немојте да ни ја исмејувате религијата! Вака со Исламот не смеете да правите!”

По церемонијата, имаше лавина реакции од буквално секое ќоше во светот, а не беа среќни ни француските граѓани, тврдејќи дека церемонијата не ги претставува вистинските вредности на државата.

По многуте негативни реакции, официјалнот канал на Олимписките игри го избриша видеото со исечоци од церемонијата.

На социјалните мрежи се огласија и многу свештеници кажувајќи “Во минатото, Франција се рачунаше за ќерка на Христијанството… Дали организаторите би се осмелиле да направат вака со Исламот? или да базираат некоја шега врз база на Куранот?”

Како резултат на ова, големите компании почнаа да го повлекуваат нивното спонзорство на Олимпијадата тврдејќи дека нема да го поддржат исмејувањето на Исус Христос.

Откако пред неколку денови имаше обид за саботажа на железничкиот систем, Вчера вечерта во Париз масовно снемало струја низ цел град. Многу христијани го слават ова и го толкуваат како “Господово дело”

Исто така, една од поголемите мобилни мрежи во САД, “C Spire” одлучи да ги повлече сите реклами од Олимписките игри како реакција на невкусната отворачка церемонија. “Бевме шокирани од исмејувањето на тајната вечера во текот на церемонијата и поради тоа ќе си ги повлечеме сите реклами кои ги имавме спремено за Олимписките игри.

Американците ја подржаа оваа одлука на Wireless компанијата надевајќи се дека повеќе компанија ќе ја следат нивната иницијатива.