Селебрити

Таа е доказ дека Русинките се навистина фатални жени

На радост на нејзините 23,5 милиони следбеници на Инстаграм, Ирина Шајк сподели селфи и уште неколку слики од одморот во Италија, покажувајќи го своето извајано тело во едноставно црно минијатурно бикини.

Ирина Шајк (38), која со поранешното момче Бредли Купер ја има седумгодишната ќерка Леа, ги покажа стомачните мускули и уште еднаш повторно докажа – еднаш модел, засекогаш модел.

И покрај тоа што се приближува до 40-тите, Русинката може да се пофали со изглед на кој можат да ѝ позавидат многу помлади убавици. Ирина се сликала без шминка и само напишала: Ја сакам Италија!

Меѓу фотографиите на Инстаграм има и видео на кое Ирина влегува во вода и ужива во базен.