ВестиПопуларно

Такер Карлсон потврди дека имал интервју со Владимир Путин!

По долгото чекање, Такер Карлсон конечно потврди дека тој всушност бил во Русија за да го интервјуира претседателот на Русија, Владимир Путин.

Од кога Такер Карлсон беше снимен во Русија, почнаа да се шират гласини за поводот на неговата посета. Тој беше сниман на секој чекор од патувањето, но дo самиот крај не се знаеше дали навистина станува збор за интервју со Владимир Путин.

Но, откако излезе снимка од тимот на Такер Карлсон како го напушта својот хотел и се упатува кон Кремљ со камери, полека стануваше јасно за што станува збор.

Интервјуто со Путин не беше добро прифатено од американските медиуми кои не чекаа ни секунда за да го нападнат Такер!

За разлика од Aмериканците, Русите сосема пристојно го пречекаа Карлсон, дури и му беше дозволено да јаде во „Gagos Kebab Shop“, локал во којшто нема влезено Американец од 2014 поради анти-кримските санкции. „Овој делува нормален, ќе му дозволиме да јаде“ рече газдата на локалот.

И веќе откако ја напушти Русија, Карлсон на својот X (поранешен Twitter) профил постираше видео кое потврдува дека всушност разговарал со Путин и ги откри деталите околу планирањето на вакво нешто.

Во видеото такер изјави:

“Многу нормално дека постојат многу ризици кога е во прашање вакво интервју, затоа и го планираме месеци наназад”

“Ова го правиме поради многу причини, како прво, ние сме новинари, нашата работа е да ги информираме луѓето. Две години по војна која го менува светот, американската јавност не е информирана. Ниту за регионот на Русија, ниту пак за Украина. Но они треба да се информирани, они се тие кои што ја плаќаат војната”

Потоа продолжи “Изворот на вести ни е корумпиран, ги лажат нивните гледачи и читатели. На пример, од кога почна војната во Украина, медиумите неколку пати имаа интервју со луѓето од Украина и со претседателот Зеленски но никој не сакаше да ја праша противничката страна.”

Видеото на Такер Карлсон кај што го потврдува интервјуто собра 12 милиони гледачи за неполн саат.