Технологија

Новиот патент на Apple сугерира дека чукањето на вашето срце ќе ви го отклучува телефонот

Apple поднесе патент кој сугерира дека корисниците ќе можат да го користат своето чукање на срцето за да го отклучат своите iPhone

Според Apple Insider, патентот на Apple опишува нов пристап кон дизајнот на iPhone што ќе му овозможи да се автентицира со користење на отчукувањата на срцето со едноставно држење на iPhone. Целата надворешност на iPhone би се трансформирала во уред за мерење на срцето.

Тоа би функционирало слично како и апликацијата ЕКГ на Apple Watch која го мери вашиот уникатен срцев ритам.

Патентот, исто така, дискутира за користење на податоците од ЕКГ за откривање на „расположението“ на корисникот. Apple дава пример за мерење на карактеристиките на срцето за време на вежбање и пуштање музика со вистински отчукувања во минута за да одговараат на тоа.

Ова потенцијално би значело дека Apple ке ја следи и зачувува работата на вашето срце во одредени ситуации и заедно со пристапот до камерите би можеле да имаат многу јасна слика за корисникот од самиот почеток на користењето на нивниот уред

Дали сите би ја користеле оваа функција⁉️