Спорт

Браво! Нашата Милјана Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка во таеквондо!

Таеквондото ни донесе радост и медал на Олимпијадата во Токио, кога Дејан Георгиевски заврши на втората позиција.

Денеска по неговите стапки тргна и Милјана Рељиќ, која ја победи фаворизираната Британка Џејд Џонс со 2-1 во рунди и продолжи во четвртфиналето.

Браво Милјана, и со среќа во наредните борби. Сите навиваме за тебе.