Храна и Здравје

Нутриционистите советуваат: Овие намирници се најдобри за одржување на хидратацијата

Одржување хидратација во текот на летото отсекогаш било важно, но уште поважно е кога забелжуваме рекордно високи температури

За да ги одржите електролитите на нормални нивоа, има седум елементи што треба да ги вклучите во храната и пијалоците што ги консумирате во умерени количини, соопшти Клиниката во Кливленд: магнезиум, натриум, калциум, калиум, фосфат, хлорид и бикарбонат.

„Водата за пиење е најдобриот начин да останете хидрирани, но кога водата се филтрира, може да изгуби дел од своите здрави минерали“, вели нутриционистката Никол Антес.

Таа препорачува додавање на капки минерали во трагови кои вклучуваат минерали како натриум, калиум и магнезиум за да ги зголемите придобивките што ги добивате од пиењето вода. Можете да купите и минерална вода.

Нутриционистката откри и кои пијалоци и намирници се добри за одржување на хидратацијата.

Шест пијалоци и намирници кои ќе ве одржуваат хидрирани

„Посегнете по храна која е природно богата со минерали“, рече Антес.

Кокосова вода

Кокосовата вода е природно богата со калиум. Нутриционистката предупреди „внимавајте од каде ја набавувате кокосовата вода, бидејќи овие денови многу од нив имаат додадено шеќер или различни видови на ароми“.

Сок од алое вера

„Иако не е толку популарен, сокот од алое вера е одличен пијалок богат со минерали и витамин Ц. Обично има доста низок шеќер. Исто така, важно е да се обрне внимание на количината на додаден шеќер“, рече Антес.

Темно лиснат зеленчук

Лиснатото зеленило содржи многу вода, особено зелената салата, која е повеќе од 90 проценти вода

    Зелениот лиснат зеленчук е исто така богат со хранливи материи со витамини од групата Б и влакна, кои можат да бидат корисни за вашето целокупно здравје.

    Целер

    Целерот се состои од околу 95 проценти вода и е богат со магнезиум, калиум и фосфор.

    Краставица

    Краставицата се состои од околу 95 проценти вода и содржи значителна количина на фосфор, калиум и магнезиум, како и витамини Б и Ц.

    Агруми

    Овошјето како лимонот и лиметата се навистина богати со природни електролити“, вели Антес,