Нов тренд го зафати светот! Луѓето масовно додаваат сок од портокал во овој пијалок (ВИДЕО)
Трендот на комбинирање сок од портокал и кафе се шири низ социјалните мрежи.
Необичната комбинација моментално е многу популарна на социјалните мрежи.
Вистинските љубители на овој пијалок избегнуваат додавање шеќер и пијат еспресо со чист сок од портокал. Сокот дава сладост што му недостасува на обичното еспресо.
Ако пиете еспресо со сок од портокал само затоа што ви се допаѓа вкусот – се е во ред.
Сепак, луѓето со чувствителен стомак треба да внимаваат на високата содржина на киселини и да не претеруваат со овој пијалок.
Рецепт за еспресо со сок од портокал:
Состојки:
1 чаша разладено еспресо
1 чаша сок од портокал
коцки мраз
шеќер или мед (по избор)
Подготовка:
Еспресото се додава во чаша сок од портокал.
Потоа можете да додадете коцки мраз и готов е освежителен напиток од кафе.
Ако сè ви е премногу кисело, додадете една лажичка шеќер или мед.