Селебрити

Австрискиот милијардер се ожени со 50 години помлада жена…па почина

Австрискиот мултимилијардер Ричард Лугнер почина на 91-годишна возраст.

Во последните неколку месеци тој се борел со разни здравствени проблеми, а починал во својата вила во Виена.

Овој мултимилијардер беше познат по својот екстравагантен начин на живот. Само два месеци пред смртта, тој се ожени со својата шеста сопруга, 42-годишната актерка Симоне Рајландер. Парот се вери во октомври минатата година, а потоа во декември прекинаа. Набрзо се смирија и се венчаа пред матичар, а планираа и венчавка во црква.

На венчавката во градското собрание во Виена имало 50 гости и 30 новинари. Потоа, првата брачна ноќ парот ја поминал во луксузен хотел.

„Имавме многу долга прва брачна ноќ. Подолго отколку што траеше венчавката и прославата“, изјави актерката претходно.

Лугнер, чиј прекар гласи „Mr. Concrete“, беше во брак со Кристин Гмајнер 17 години, а потоа беше 4 години во брак со Корнелија Лауферсвaјлер. Неговата трета сопруга Сузан Дитрих почина на 34-годишна возраст поради компликации настанати по естетска операција на носот. Тој помина 16 години во брак со својата четврта сопруга Кристинa Лугнер.

Пред бракот со Симоне, Ричард беше во брак со Плејбој зајачица, Кети Шмиц, која беше 57 години помлада од него и со која беше во брак до 2014 година.

Австрискиот мултимилијардер често се забавуваше со познати личности, а друштво знаеја да му прават Ким Кардашијан и Парис Хилтон.