ЗабаваПопуларно

„Подобро да ја запросил со полнети пиперки!” Видеото од запросување во Мостар го преплави интернетот: „Ќе станев и ќе заминав“ (ВИДЕО)

Видеото од запросувањето од Мостар кај Неретва стана вирално на социјалните мрежи, а тоа е затоа што на идната млада невеста и било непријатно. Така барем заклучиле корисниците на социјалните мрежи врз основа на изразот на нејзиното лице.

Момчето планирало да ја изненади својата девојка така што келнерот ќе и донесе торта на вечера, а потоа клекнал на колена, извадил прстен и ја прашал дали сака да се омажи за него.

Наместо солзи и еуфорија на кои сме навикнати кога се во прашање реакциите на девојките на кои им се поставува познатото прашање, на оваа девојка, барем според изразот на лицето, не и беше пријатно што запросувањето се случило меѓу толку многу луѓе и што тие беа во центарот на вниманието.

Во коментарите можеше да се дојде до заклучок дека сите оние кои го погледнале ова видео биле всушност изненадени од ликот на оваа девојка, кој покажал дека и е непријатно. Очигледно беше дека и е непријатно да биде меѓу толку многу луѓе и да биде во центарот на вниманието.

„Подобро да ја запросил додека јадат полнети пиперки, отколку пред 1.000 луѓе“, „Се зависи од девојка до девојка… Некои сакаат да бидат во центарот на вниманието и за тоа се јавните запросувања“ , „Многу интимно и спонтано, јас би станала и би заминала“, се само дел од коментарите на корисниците на социјалните мрежи.