Храна и Здравје

Необичен рецепт за најздравиот ајвар, кој го сакаат домаќинките: Оваа вкусна зимница мора да ја пробате

Сезоната на зимница е во тек и знаеме дека секоја куќа во Македонија има свои рецепти кои се чуваат со генерации. Сепак, не е лоша идејата да пробате нешто ново, особено ако следите одредена диета. Токму тогаш креативноста стапува во игра, а за да ви олесниме, ќе го споделиме со вас рецептот за највкусниот хроно ајвар.

Хроно диетата важи за една од најпопуларните, како во светот, така и кај нас. Причината за тоа е едноставна – овој режим не исклучува некои од омилените намирници од нашето поднебје, како на пример месото, но и омилената зимска храна. Дополнително, многу рецепти може да се прилагодат, исто како овој за хроно ајвар што го одбравме за вас.

Рецепт за хроно ајвар

Ајварот е направен е на малку поинаков начин, без конзерванси, збогатен е со природни зачини.

печена пиперка 6 кг

маслиново масло 400 мл

лук 4-5 чешниња

сок од лимон

1 чипка магдонос

4 лажици морска сол

Измијте ја пиперката, отстранете ја ако е расипана (само здрава пиперка). Печете ја пиперката од двете страни, оставете ја покриена во најлонска кеса за полесно да се лупи. Излупете ја пиперката, исчистете ја од семките и оставете ја преку ноќ во перфорирана кеса за да се исцеди вишокот вода. Следниот ден се меле во мелница за месо или во блендер.

Во поголем сад истурете мелен пипер со сечкан лук. Се пржат на средна температура со постојано мешање околу половина час за да се испари сокот што е преостанат во пиперката. Додадете 400 мл маслиново масло и исцеден сок од еден лимон со постојано мешање со дрвена лажица. Гответе го ајварот на средна температура околу 2 часа (сокот од лимон и маслиновото масло ќе го направат ајварот компактна и густа маса). На крајот од пржењето посолете го ајварот со морска сол по ваш вкус и сечкана китка свеж магдонос.

Истурете го ајварот во чиста амбалажа (стаклени тегли) и затворете ги со херметички капаци. Кога теглата ќе се наполни со ајвар, затворете ја и превртете ја наопаку. Затворените тегли оставете ги преку ноќ наопаку, следниот ден исто така префрлете ги на ладно место (може и во фрижидер) да отстојат до употреба.

Потоа останува да уживате!