ЗабаваПопуларно

Таа е воен ветеран и има тетоважи на 99 отсто од телото: „Го срушив Гинисовиот рекорд, но не сум готова“

Воениот ветеран Есперанза Фуерзина (36) од Конектикат стана жената со „најмногу тетоважи на телото“ и своето име го запиша во Гинисовата книга на рекорди.

Цртежите покриваат 99,98 отсто од нејзиното тело, а таа истакнува дека „сè уште не е готова“.

Првата тетоважа ја направила на 21 година, а со текот на времето го “украсувала” телото со други цртежи и модификации.

Таа е покриена со мастило од глава до пети, вклучувајќи ги очните капаци, очните јаболка, непцата и јазикот, пишува Daily Mail.

Кога станува збор за модификациите на телото, таа има исечен јазик, пирсови на брадавиците и усните, а извади делови од ушите за да го „заврши“ својот уникатен изглед.

Додека некои луѓе чуваат спомени во фото албуми или дневници, Есперанца користи тетоважи.

„Водев номадски живот, немав многу простор во мојот воен ранец. Можам да ги понесам овие цртежи со мене“, објасни таа.

Тетоважите ја потсетуваат на она низ што поминала и, како што вели, и помагаат да еволуира духовно и физички.

Есперанца признава дека ги привлекува погледите на луѓето и наидува на негативни коментари, но истакнува дека суровоста и предрасудите „одат во нивната душа“.

Тaa верува во себе и во добрината.

„Ме прогласија за жена со најмногу тетоважи и модификации на телото, што е малку лудо. Благодарна сум и возбудена за иднината. И секако, уште не сум готова“, изјави таа.