Автомобили

Ова се најсигурните марки, нивните автомобили како од шега надминуваат 400.000 км

Треба да се има предвид дека веројатноста просечното возило да ја достигне оваа километража е само 8,6 проценти.

Постојат неколку стандардни фактори на кои секогаш се гледа кога се купува автомобил, а еден од оние на кои возачите посветуваат најмногу внимание е доверливоста – според извештајот објавен од “iSeeCars”, 39 проценти од купувачите прво се фокусираат на ова.

Со редовно и правилно одржување, денес моторите на одредени марки лесно можат да поминат и до 400.000 километри. Интересно е што, според истото истражување, многу возачи веруваат дека животот на автомобилот завршува на околу 160.000 километри, кога почнуваат поголемите инвестиции.

Најновата студија, објавена од “iSeeCars”, потврдува дека некои марки и модели надминуваат околу 320.000 километри, а моторите „штотуку се разработиле“.

Извештајот ги опфаќа 30-те најдолготрајни модели во САД, од кои сите имаат голема веројатност да достигнат 400.000 километри. Треба да се има предвид дека веројатноста просечното возило да ја достигне оваа километража е само 8,6 проценти.

Како дел од студијата, биле анализирани дури 402 милиони возила за да се развие модел за проценка на веројатноста за достигнување различни нивоа на километража.

Додуша, студијата е направена во САД, поради што има брендови и модели кои ги нема во Европа, сепак, на листата на производители се наоѓаат познати имиња на Стариот континент.

Водечка е Toyota, чии возила имаат 17 отсто шанси да надминат 400.000 километри, а потоа следат Honda (13,6 отсто) и RAM (11,5 отсто).

По нив следуваат GMC (11,4 отсто), Шевролет (10,5 отсто), Лексус (9,7 отсто) и Форд (9,5 отсто).

Во извештајот особено се истакнуваат две јапонски марки, Тојота и Хонда, бидејќи тие се појавуваат во сите категории на возила: патнички автомобили, теренци и пикап камиони.