ВестиПопуларно

Македонец загина во Грција!

Во сообраќајна несреќа во близина на Кукуш, при судир на две возила, животот го загубил 55-годишен Македонец.

Автомобилот со кој управувал Македонецот се судрил со автомобил управуван од 44-годишна жена.

Тој бил пренесен во болница во Солун, но таму само била конститирана неговата смрт.

Во другиот автомобил, покрај 44-годишната жена, имало и 38-годишен маж и три девојчиња. Сите биле пренесени во болница.