Забава

Тиктокер за Миконос: Платив над 700 долари за три ноќевања, побараа и бакшиш

Канадската туристка Кристина Форд на социјалните мрежи го изрази своето незадоволство од популарната грчка туристичка дестинација Миконос. Таа изјавила дека платила околу 777 долари за три ноќевања и дека била изненадена кога додатно и побарале бакшиш.

„Патувам со години и никогаш не сум доживеала вакво нешто. Верувам дека тоа не би го барале од мене да сум Гркинка, а не Канаѓанец, кој често го мешаат со Американец“, рече таа и додаде дека не е скржава кога станува збор за бакшиш, туку ги дава само кога е задоволна од услугата.

@insearchofmrdarcy

Never have I ever had this happen travelling. Mykonos, you are taking advantage of your visitors #travel #traveltips #mykonos #solotravel #ripoff #womenwhotravel

♬ original sound – Christina|Author|Bad-Ass

Таа тврди дека тие ги дискриминираат луѓето кои патуваат сами

Во друго видео таа истакна дека не би им препорачала на соло патници да го посетат Миконос поради начинот на кој угостителите ја третирале. По посетата на неколку локали, таа тврди дека рестораните ги дискриминираат луѓето кои патуваат сами. Во еден ресторан и рекле дека мора да нарача храна во минимална сума од 100 долари.

„Не сакаа да ме седнат на маса за двајца, иако барот беше празен“, рече таа. Некои корисници на TikTok почувствуваа дека нејзината реакција е претерана, додека други ја поддржаа. „Миконос е прекрасно место. Не знам зошто толку драматизирате“, „Она што го направи овој остров популарен полека се заменува со напумпани цени“, се дел од коментарите.