Забава

Маж (54) е уапсен поради серија кражби, а нема да верувате што крадел!

Крадците обично крадат накит, пари, електронски уреди и други вредни предмети, но изгледа одредени крадци имаат различни вкусови.

Неименуван 54-годишен маж неодамна беше уапсен во германската покраина Долна Саксонија под сомнение дека е одговорен за серија кражби. Неговата „специјалност“, како што се наведува, била женска облека!

Полицијата се сомнева дека тој провалил во приватни домови во градот Холцминден, земал облека, женска долна облека, а потоа избегал.

По петтата кражба работите тргнале наопаку, пренесува Билд. Граѓанин го фатил криминалецот користејќи камера, соопштија од полицијата.

Се додава дека мажот поставил уред за надзор откако имало кражба во неговата населба. Одеднаш, алармот се вклучи во саботата, околу 22:45 часот.

Го фатил крадецот и го држел додека не дојде полицијата.

Облеката што ја носеше им овозможи на властите да го поврзат со кражбите што се случиле две недели претходно. Потоа некој упаднал во женската соблекувална, за време на фудбалски натпревар и ги украл женските дресови и маички.

Уапсениот тврдел дека крадел женска облека за свои потреби – затоа што е „крос-дресер“ односно сакал да се облекува како жена.

Украдените предмети се пронајдени во неговиот стан, а оштетените жени можат да ги побараат во локалната полициска станица – ако ги сакаат.