ВестиПопуларно

„Го убив татко ми, дојдете“: Ги убил сопругата и помалиот син, а потоа му пресудил постариот син кој повикал полиција

Истрагата ја координираат обвинителството во Монца и обвинителството за малолетници во Милано.

Италијанецот Фабио Ц.(51) ја убил сопругата Даниела (48) и дванаесетгодишниот син Лоренцо, по што починал од рацете на постариот син (17), кој исто така го пријавил овој масакр!

Семејниот криминал во околината на Милано е главна тема на италијанските медиуми денеска. Според нив, полицијата преку повик дознала за тројното убиство. Имено, постарото момче се јавило во дежурната полициска станица. Масакрот го пријавил преку итниот број 112 и рекол дека во семејната куќа на Виа Анцио има тројца мртви.

„Го убив тато, дојдете“, му рекол тој на дежурниот оператор.

По пристигнувањето на адресата, карабинерите на провинциската команда на Милано пронашле тела на маж, жена и дете, како и седумнаесетгодишник кој го пријавил делото.

Момчето објаснило дека влегло во спалната соба на неговиот 12-годишен брат и го видел татко му како седи на стол со нож до него, додека неговата мајка лежела мртва на подот, а помалиот брат бил убиен во кревет. Потоа зел нож и го избодел својот татко до смрт.

Тато ги уби, а потоа го убив со нож“, изјавил тој во полиција. Ножот со кој се извршени убиствата наводно бил пронајден на улица.

Според она што е досега познато, никогаш немало посебни проблеми за ова богато италијанско семејство, кое живеело во вилата покрај родителите и братот на убиениот.

Полициската истрага цело време ја следеле соседите од улицата.

Се надеваме дека синот сакал да ги одбрани мајка си и брат му, тоа е единственото нешто што не теши во оваа трагедија“, изјави еден од станарите од улица за локалните медиуми.

Истрагата ја координираат обвинителството во Монца и обвинителството за малолетници во Милано.