Селебрити

Се сеќавате ли на Есмералда од познатата мексиканска сапуница? Еве како изгледа денес

На крајот на 90-тите, легендарната Есмералда ги освои срцата на многу гледачи ширум светот, особено на Балканот.

Летиција Калдерон, која ја отелотвори оваа прекрасна, слепа девојка, беше во центарот на вниманието. Но, зад нејзината успешна кариера стојат тешки моменти во нејзиниот живот.

На врвот на својата слава, Калдерон отворено зборуваше за нејзината борба со зависноста, од која се опоравила откако една пријателка починала во нејзините раце од предозирање. Таа немаше среќа во љубовниот живот; нејзиниот прв брак со Марк Лопез во 1997 година заврши со развод по само две години. Вториот обид со адвокатот Хуан Коладо во 2002 година, со кој ги има близнаците Лучијано и Карлос, исто така не издржа. Двојката се разведе по осум години заедно.

И покрај нејзиниот успех на екранот, Калдерон се соочи со тешка ситуација во 2005 година, кога дозна дека нејзиниот помлад син, Лукијан, има Даунов синдром. Денес, актерката живее сосема поинаков живот, фокусирајќи се на мирот и семејството.

Како сега изгледа Есмералда погледнете фотографиите во продолжение.