Селебрити

Сите мажи лудуваа по неа: Во 80-те беше една од најпосакуваните жени, денес има 56 години и сè уште е бомба

Италијанската пејачка Сабрина Салерно беше една од најпосакуваните жени во 80-те години, а речиси и да немаше маж кој не копнееше по оваа убавица со раскошни облини. Таа и денес ја заслужува оваа титула, а нејзиниот профил на Инстаграм изобилува со провокативни фотографии.

Ја нарекуваа секс-симбол, а популарноста ја стекна благодарение на провокативниот спот за нејзиниот голем хит „Boys“. Сцената во која едвај го придржува тесниот костим за капење многумина добро ја паметат…

Годинава таа го прослави својот 56-ти роденден, а на социјалните мрежи често може да се најдат објави на корисниците со некоја нејзина фотографија и прашањето: „Дали е можно оваа жена и денес да изгледа вака?“.

Сабрина во шестата деценија речиси секој ден ги развеселува своите 1,3 милиони следбеници, истакнувајќи ги своите облини.

Во брак е 30 години, а смета дека луѓето отсекогаш имале погрешно мислење за неа: „Се сметам себеси за повеќе интелигентна отколку убава“. Иако ѝ предвидуваа крај на кариерата на само 20 години, Сабрина вели: „Сепак, сè уште сум тука. И продадов 20 милиони албуми“.

За нејзиниот љубовен живот често се зборуваше и се полемизираше дека имала многу љубовни врски, но вистината е, како што вели таа, дека во животот имала само тројца мажи (вклучувајќи го и нејзиниот сопруг).