Спорт

Е како така бе царе? Вакво промашување не сте виделе одамна

Една прилично комична ситуација ни доаѓа од најсилната фудбалска лига во Австралија, а главна улога е напаѓачот Патрик Вуд.

Голманот Дени Вуковиќ се лизна додека топката одеше кон него. Вуд дојде до неа и беше сам пред голот. Сите чекаа само да ја смести топката во мрежата, а наместо тоа тој ја прати покрај стативата, што предизвика неверување кај сите.

Навивачите се фаќаа за глава, а ни играчите на домашниот тим не можеа да веруваат дека топката не е во мрежата.

Промашувањето се случи при резултат 3-0 за Сиднеј, па за негова среќа промашувањето не влијаеше на резултатот. Натпреварот на крајот заврши со резултат 3-1.

Вуд има 21 година и игра на позиција напаѓач и оваа сезона одиграл на 15 првенствени натпревари, постигнал еден гол и запишал две асистенции, што е и не се некои бројки за напаѓач.