ПопуларноСпорт

Канзас Сити Чифс победници за на Супер Боул 58!

Канзас Сити Чифс ги поразија Сан Франциско Фортинајнерс 27-24. Чифс веќе втора година по ред го освојуваат американскиот Супер Боул, што значи дека Патрик Махоумс сега има 3 шампионски прстени!

Скоро цел натпревар беше тивок поради одличните одбрани на двата тима. Канзас оваа сезона секој пат постигнуваат поени со првиот посед што ќе го добијат но овој натпревар не беше таков. Првата четвртина немаше ниту еден поен. Првите поени беа постигнати од Сан Франциско, што исто така претставуваше рекорд за постигнување на филд гол, со оглед на тоа што беше постигнато од 55 јарди, рушејќи го претходниот рекорд од 44 јарди.

На крајот од полувремето резултат беше 10-3 за Сан Франциско.

На Супер Боул 58, настапот на полувреме му припаѓаше на Ашер. Исто така му се придружија Алиша Кијс, Џермејн Дупри и многу други. Целосниот настап може да го видите на видеото подолу.

Во третата четвртина Канзас конечно постигна тач даун со што прв пат го доби водството. Сепак на крај резултатот заврши 19-19, што го однесе натпреварот во продолженија. Доста зачудувачки беше фактот што Тревис Келси немаше нешто сјаен натпревар но тоа не значеше дека неговата девојка, Тејлор Свифт нема да се радува! Имено на видеобимот дадоа видео од Свифт како пие алкохол на екс!

На последната акција од натпреварот, Чифс губеа со резултат од 22-19, што значи дека време беше Махоумс да ги спаси и токму тоа се случи. Махоумс имаше успешен подавање во енд зоната и го пронајде Хардмен што ги донесе Чифс до трета Супер Боул победа.

Оваа победа му носи на Махоумс трети прстен, што го доближува малку до седумте прстена на Том Брејди.