Селебрити

Амал и Џорџ Клуни ги воодушевија сите со гест на црвениот тепих: Погледнете што направија кога го видоа фотографот како падна ФОТО

Актерот Џорџ Клуни и неговата сопруга Амал присуствуваа на филмскиот фестивал во Венеција.

Џорџ Клуни во Венеција го промовираше новиот филм „Волци“ во кој глуми со Бред Пит, а на Фестивалот пристигна со сопругата Амал.

Амал како и секогаш привлече внимание со својот беспрекорен стајлинг, а еден гест на нејзиниот сопруг на црвениот тепих предизвика бројни позитивни коментари.

Имено, еден од фоторепортерите се сопнал и паднал, а Џорџ и Амал притрчале да му помогнат.

После тоа, актерот се приближил до група фотографи и се фотографирал со нив, а потоа зел еден од камерите и овековечил неколку моменти од црвениот тепих.

Со својата непосредност и природност, двојката Клуни уште еднаш ја освои наклонетоста на публиката која ги сака затоа што секогаш се љубезни кон сите и не се однесуваат како големи ѕвезди.

Амал и Џорџ се венчаа во 2014 година, токму во Венеција, а имаат две деца, близнаците Александар и Ела.