ЗабаваПопуларно

Има само 26 години и веќе има 22 деца: „Не сакам да престанам“

Кристина Озтурк, иако има само 26 години, веќе е мајка на 22 деца, благодарение на сурогат мајчинството.

Оваа блогерка со руско потекло, заедно со нејзиниот сопруг Милиомер Галип (57), од март 2020 до јуни 2021 година, имаа 21 сурогат бебе.

Со најстарата ќерка Викторија, која има осум години и е зачната природно од претходната врска, Кристина сега има големо семејство полно со малечки, пишува The Sun.

Веќе на 17 години ја родила својата прва ќерка, а денес има дури 22 деца – и не планира да престане.

Таа вели дека другите деца не ги родила по природен пат, туку имала сурогат мајки на кои за услугата им платила вкупно 138.000 фунти или 164.000 евра.

„Отсекогаш сонував да имам големо семејство, а мојот сопруг го сакаше истото. Откако се запознавме, тргнавме да го оствариме нашиот заеднички сон. Не знам дали сме најголемото семејство на светот, но знам дека сме најсреќни“, изјавила оваа млада мајка.